Пожар избувна во турското летувалиште Бодрум над хотелот, во кој се сместени туристи од Босна и Херцеговина и Србија, објави сараевскиот „Аваз“.
Еден од туристите испратил фотографии до овој сараевски портал, на кои се гледа густ чад што избил над хотелот „Diamond of Bodrum“, наведувајќи дека туристите се во паника.
Тој наведе дека туристите ги подигнале документите и онолку свои работи колку што можеле да земат за кратко време, бидејќи пламените јазици се приближувале до хотелот.
Тој додаде дека се уште никој не им се обратил, дека не знаат што понатаму, и дека интернет -врската станува се послаба, пренесува „Аваз“.
Во последните денови беснеат пожари во Турција, кои се ставени под контрола во повеќето делови на земјата, но не и во западниот дел на земјата. (МИА)