Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес објави дека самитот на Алијансата во 2026 година ќе се одржи на 7 и 8 јули во претседателскиот комплекс Бештепе во Анкара, Турција.
„Сакам да ѝ се заблагодарам на Турција за домаќинството на овој важен состанок. Турција е силен сојузник на НАТО повеќе од 70 години и дава непроценлив придонес за нашата заедничка безбедност“, рече Руте.
Според него, на следниот самит, лидерите ќе продолжат да го зајакнуваат НАТО, правејќи го посилен, пофер и поефикасен сојуз, подготвен да одговори на клучните безбедносни предизвици.
Турција ќе биде домаќин на самитот на НАТО по втор пат, по Истанбул во 2004 година.
Самитите на НАТО ги собираат лидерите на сојузниците за да донесат одлуки за важни прашања со кои се соочува Алијансата.
Текстот Турција ќе биде домаќин на НАТО самитот во 2026 година е превземен од МАКФАКС.