Сојузот на турските невладини организации со остра реакција на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски објавена вчера на фејсбук, во која ги осуди ракетните напади на Хамас од Појасот Газа на израелска територија. Мицкоски го нарече Хамас терористичка организација, а застана во одбрана на Израел, велејќи дека има право да го брани својот народ и територија.

Откако неговата изјава ја осуди неговиот коалициски партнер Ердоан Сарач, со реакција се јави и Сојузот на турските невладини организации.

Во соопштението се вели:

​​Нехуманата изјава на лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски во врска со конфликтот помеѓу Палестина и Израел, предизвика длабоко разочарување и остри реакции кај муслиманскиот народ во Северна Македонија.

​Треба да се знае дека Изреал години наназад е окупатор во тој регион и секоја година особено пред Рамазан Бајрам го провоцира муслиманскиот народ во Палестина, особено им се врши притисоци и брутални напади на верниците кои ги вршат Исламските обреди во светиот месец Рамазан во Месџиди Акса – Кудус.

​Од 1948 година до денес преку разни нечовечки методи како иселување, рестрикции, амбарго, насилства, убиства и др. им се врши контролен геноцид врз Палестинскиот народ.

​За жал меѓународната заедница само го следи случајот и не превзема мерки против овие криминални акти врз невините луѓе.

​Ние како Сојуз на турските невладини организации во Македонија – МАТУСИТЕБ строго ја осудуваме нехуманата изјава на Христијан Мицкоски и ѓи повикуваме сите политички партии и структури кои коалицираат со опозициската партија, да се оградат од оваа нехумана изјава и да реагираат на најостар начин.

​Треба да се знае дека сите хумани и совесни луѓе се со Палестинскиот народ.

​Сите терористички акти и нехумани политики на Израел треба строго  да се осудат.

МАТУСИТЕБ

Сојуз на турските невладини организации во Македонија