Турција ќе воведе полициски час за време на викендот во некои провинции и ќе ги засили санитарните мерки пред муслиманскиот свет месец Рамазан, поради нагло зголемување на бројот на заразени со Ковид-19.

Во последниот месец во Турциија бројот на инфицирани лица е зголемен за трипати на дневна основа, а смртните случаи се околу 150, додека на почетокот на месецот нивниот број беше околу 60.

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган изјави дека 58 од 81 турска провинција сега се означени како „црвена“ или „многу ризична“ зона и дека полицискиот час ќе биде воведен за време на викендите, а во цела држава ќе продолжи ноќниот полициски час на национално ниво ќе продолжи.
До почетокот на март имаше само 17 провинции во „црвената“ зона.

Рамазан почнува на 13 април, а ќе можат да работат само рестораните и кафулињата кои нудат храна за носење.

Во Турција вчера се регистрирани околу 32.400 новозаразени лица, со што вкупнниот број на заболени изнесува 3,2 милиони, од кои починаа 31.000.

Околу 15 милиони луѓе примија една, а приближно 6,7 милиони луѓе во Турција примија две дози на вакцина против Ковид-19.