Турција во 7:37 часот по средноевропско време ја погоди земјотрес со јачина од 5,3 степени по Рихтер, јави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Епицентарот бил на 21 километар јужно од градот Елазиг на истокот на Турција, на длабочина од само десет километри.

Земјотресот е почувствуван и во турските места Малатја, Адијаман, Шанлиурфа, Мардин, Батман и Дијарбакир, јавува агенцијата Анадолија.

Жителите на Елазиг по земјотресот излегоа на улиците.

Гувернерот на Елазиг, Еркаја Јирик, изјави дека засега не се откриени негативни работи поврзани со земјотресот што го зафати градот.

„Нашите екипи со сета внимателност работат на теренот. Ќе биде дадено известување доколку нешто се открие“, рече гувернерот Јирик.