Кога ќе слушне дека луѓето го препознаваат по тоа што е сопруг на Ким Кардашијан, а тоа наскоро нема да биде релевантен факт затоа што се разведуваат, на раперот Канје Вест најверојатно му се стемнува пред очи.

Но, како што пишуваат странските медиуми, тој мора да се помири со фактот дека помладата генерација ќе го памети како личност која беше дел од реалното шоу „Keeping Up With the Kardashians“, иако во истото се споменуваат неговите албуми, песни, настапи и награди.

Канје Вест неодамна склучи договор со стриминг сервисот „Netflix“ за документарен филм во кој ќе бидат прикажани две децении од неговиот живот.

Profimedia

Меѓу останатото, во филмот ќе се зборува и за смртта на неговата мајка Донда во 2007 година, но и за неговата неуспешна кандидатура на претседателските избори во САД во 2020 година. Филмот сè уште нема наслов, но, се верува дека ќе прикаже и невидени домашни снимки од Вест.

Документарниот филм ќе биде достапен до крајот оваа година, а единствената информација што сè уште никој не успеа да ја „добие“ е дали ќе се спомене разводот со Ким, со која Канје има четири деца.

Откако неговите родители се развеле кога тој имал само три години, Вест се преселил со својата мајка од Џорџија во Чикаго. Неговата мајка работела како универзитетски професор. На десетгодишна возраст, Канје се преселил повторно, овој пат во Кина, поради неговата мајка, која била дел од програма за размена на ученици.

Таа го охрабрила својот син да пишува песни и да оди во насоката што отсекогаш ја посакувал – рап музиката. Му платила за неговата прва студиска снимка кога пејачот имал 13 години. Канје подоцна го напуштил образованието, од колеџот каде што предавала неговата мајка. Донда била уништена, но разочарувањето „поминало“ кога Канје го издал својот деби албум во 2004 година, со соодветен наслов „The College Dropout“. Наскоро албумот беше прогласен за албум на годината и беше продаден во повеќе од 3,4 милиони примероци само во Америка.

Замислував дека колеџот е билет за добар живот, но понекогаш за успешна кариера не е потребен колеџ“, напиша Донда во книгата „Raising Kanye“.

Неговата мајка била неговата најголема поддршка во животот, а потоа се случило најлошото сценарио.

Донда почина на само 58 години. Имено, бизарните околности околу нејзината смрт го прогонувале раперот до ден денес. Донда отишла на липосукција, во обид да се ослободи од маснотиите во стомакот, а имала идеја и да си ги намали градите. Наредниот ден починала во својата куќа поради компликации од естетските зафати.

Аутопсијата покажала дека нејзиното срце било во прилично лоша состојба и дека тоа е причина за смртта. Имено после нејзината смрт, бил донесен закон, според кој естетските хирурзи мораат да ги направат сите потребни тестови пред операцијата и на тој начин да потврдат дали пациентот може да ја издржи истата.

Загубата на неговата мајка бил болен момент, но Канје сепак се врати на музиката и концертите по помалку од две недели, нижејќи успех по успех, а еден од личните успеси, како што изјави во тоа време, била врската со Кардашијан, со која подоцна се венча.

Канје не само што е рапер и продуцент, туку почна да се занимава и со моден дизајн. Тој успеа да изгради империја со својата модна линија „Yeezy“.

Instagram
Instagram

Главната причина за успехот на неговата модна империја, вели Канје, е свртувањето кон религијата, служејќи му на Христа и радикалната послушност. Во 2016 година, раперот доживеал нервен слом, а подоцна бил дијагностициран со биполарно нарушување.

За ова особено се зборуваше минатата година кога Вест сакаше да се кандидира за претседател на САД. Во тоа време тој изјави дека со Ким сакале да го абортираат своето прво дете, девојчето Норт – што многу ја налутило старлетата. Оттогаш, барем јавно, се смета дека почнале пробелмите во нивниот брак.

Instagram
Instagram

Минатиот месец, богатството на Канје беше проценето на околу 6,6 милијарди долари,
благодарение на неговиот огромно успешен бренд „Yeezy“, кој вреди помеѓу 3,2 и 4,7 милијарди долари. Раперот има и 122 милиони долари во готовина и акции, а од музиката заработи околу 110 милиони долари.