Потребно е менување на Законот за здруженија и фондации. Дотогаш министерот за правда Никола Тупанчевски предлага формирање тим од експерти кои ќе расправаат за историската димензија на личноста по која ќе биде именувано некое здружение или фондација, јавува ТВ 24.

Ова доаѓа откако во земјава беа регистрирани неколку бугарски здруженија со имиња на контраверзни личности од историјата.