Пропагандата функционира најмногу во секое општество каде што има поделеност. Ова во емисијата „Дебати“ го изјави Марина Тунева од Советот за етика во медиумите.
„Во услови на поделеност најмногу успева пропагандата. Бидејќи на таков начин се лови публика, така се лови внимание, така се пласираат најразлични теории, без разлика на последиците“, вели Тунева потсетувајќи дека има публика за тие информации.
„Како што страните се обединуваат во ширењето на пропагандата, така можат да се обединат и во тоа да и се помогне на јавноста да разбере што е она што се случува и во виртуелниот свет и во етерот на медиумите“, истакна Тунева.
Таа е децидна дека треба да има внимателна селекција на оние што зборуваат јавно, на оние што медиумите ќе им дадат простор да зборуваат јавно и дека треба да има една резерва на тоа што го пласираат и на тоа што го кажуваат.