Има голем наплив на дезинформации. Тоа е проблем што се повеќе опстојува на овој простор. Има публика за тие информации. Ова го изјави Марина Тунева од Советот за етика во медиумите во емисијата „Дебати“ на ТВ Шења.
„Тие сметаат дека тоа се информации, а не дезинформации, тука е најголемиот проблем. Имаме публики, односно граѓани кои што му веруваат само на својот медиум, само на својот извор на информација, било тоа да е социјална мрежа или друг еден и единствен извор од каде што ја црпат информацијата“, изјави Тунева.
Таа додава дека додека тие граѓани се затворени во такви херметички светови се разбира дека ќе веруваат во тоа што тие сакаат да веруваат.
„Нивните однапред создадени уверувања влијаат на начинот, на кој што тие ги разбираат информациите. За жал ние имаме такви публики“, изјави Тунева.