Веројатно најдобриот потег на раководството на Челзи е што одлучи да се раздели со легендата Френк Лампар и на клупата да го донесе Томас Тухел. Реагираа брзо, па по отказот од ПСЖ, Тухел не чекаше многу. Резултатите се видливи. Во Премиер лигата го држи четвртото место, а тоа значи директен пласман во ЛШ следната сезона, иако да имаше подобар почеток на сезоната сигурно дека ќе се бореше и за повисоките места. И она што е уште повозбудливо, ќе игра финале во ЛШ, иако малкумина даваа вакви прогнози. Сега, Томас Тухел самоуверен. Вели дека неговиот тим ќе стане таква екипа од која ќе се плашат сите.
-Бевме силни, посебно во второто полувреме. Постојано бевме фокусирани на победа. Ова е голем успех и сите честитки одат на сметка на играчите. Ја заслуживме победата, изјави Тухел, кој притоа додава:
-Стануваме тим од кој сите ќе се плашат!
Освен за пехарот во ЛШ за кој ќе се бори на 29-ти мај, на 15-ти истиот месец Челзи има шанса за друг пехар, оној во ФА Купот бидејќи игра финале против Лестер.