Германскиот менаџер на дебито како нов менаџер на Челси стартуваше со реми на својот „Стемфорд Бриџ“ (0:0) против Вулверхемптон.

Лондонските „сини“ имаа над 70 отсто посед на топката, но на крајот само освоија бод. За три дена ги очекува нов предизвик против Барнли, а потоа следува гостувањето кај Тотенхем на Жозе Мурињо.

Челси секогаш се вбројува меѓу кандидатите за титулата во Премиер лигата, но оваа сезона резултатите не се најдобри, моментно е на осмото место со ист број бодови како и Арсенал, додека лидер е Манчестер сити со 11 бодови повеќе и еден меч помалку.

Веднаш после натпреварот со Вулвси, одговори на прашањето околу шампионските амбиции на неговиот клуб:

Сензација на „Олд трафорд“, фенерџијата го сруши Јунајтед

– Титула? Знаете, далеку е. Не, мора да бидеме реални. Кога потпишувате за Челси, дали како играч или менаџер како јас, вие потпишувате со очекувања да бркате титули. Тоа значи Премиер лига, Лига на шампиони и сите купови.

Тоа е јасно, во исто време, мора да бидеме реални. Постојат доста тимови помеѓу нас и четвртиот, исто така е и голема разликата во бодовите. Најдобро нешто што можеме да направиме е да не го загубиме фокусот гледајќи далеку во иднината, туку да се работи на дневно ниво и поените ќе дојдат – рече Тухел.