Менаџерот на Челзи, Томас Тухел планира да направи големи промени во тимот за следната сезона. Сака да продаде голем број на играчи, а од друга страна да се обиде да донесе неколку засилувања по своја желба.
Дури девет играчи ќе се најдат на трансфер листа. Меѓу нив е Тими Абрахам, потоа Рудигер, Палиери, Топори, Жоргињо, Кепа Арзибалага, Лофтус-Чек, Батшуани, и Рос Баркли. Некои од нив се во Челзи во моментов, а други на позајмица. Тухел планира со овие продажби да собере 200 милиони евра, а потоа парите би биле вложени за засилувања. Едно од нив е Ерлинг Халанд, кој секако е голем „залак“, ако се знае дека Борусија Дортмунд нема да го пушти под 150 милиони евра, а згора на тоа интерес за него има од Барселона, Реал Мадрид, ПСЖ, Манчестер Сити, Баерн Минхен.