Македонскиот ракометен прволигаш Еурофарм Пелистер го продолжи денеска за уште една сезона договорот со црногорскиот репрезентативец Мирко Радовиќ.
„Обновувањето на договорот со десното крило на црногорската репрезентација доаѓа на обострано задоволство и клубот ќе го официјализира со церемонија во клупските простории следната недела“, соопшти попладнево битолскиот прволигаш.
Триесетгодишниот Радовиќ веќе три сезони е во Битола, а со црногорската репрезентација за која досега одигра 51 натпревари, обезбеди пласман на Европското првенство во 2022 година.