Цеск Фабрегас имаше можност да ја дели соблекувалната со Лионел Меси во Барселона и сега ќе биде ривал во Франција.

Меси дојде во ПСЖ од Барселона ова лето, а Меси ќе има можност за првпат да игра во друга лига откако помина 21 година во Шпанија.

ПСЖ, кој не успеа да ја освои лигата минатата сезона, ужива во брилијантен летен преоден рок, завршувајќи го договорот со неверојатна аквизиција на Меси. Тој претходно ги донесе Донарума, Вајналдум, Хакими, Серхио Рамос…

Иако Лига 1 многумина ја гледаат како „лесна“ лига, sвездата на Монако, Цеск Фабрегас верува дека нема да му биде лесно на Меси.

“Мислам дека понекогаш луѓето дури и не сфаќаат колку е силна и тешка оваа лига. Кога ПСЖ не ја освои лигата, сите гледаат на тоа како на катастрофа бидејќи трошат многу пари, но во последните пет години Монако и Лил покажаа дека можат да бидат запрени “, рече Фабрегас.

“Не е онака како што мислат луѓето. Оваа лига е агресивна, интензивна, играат доста силни играчи тука. Тимовите се бранат многу добро”, додаде поранешниот шпански репрезентативец.

Фабрегас, исто така, вели дека неговите соиграчи со нетрпение го очекуваат дуелот со Меси во пресрет на новата сезона.

“Сите момчиња се возбудени бидејќи знаат дека ќе играат против Лионел Меси. Некои од нив сонуваа, тоа е добро за сите. Не престануваат да ми поставуваат прашања за Меси”.