Кристијано Роналдо одлучи да остане во Јувентус, тврди италијанскиот спортски весник Газета дело Спорт.

Роналдо се чинеше дека го напушта Јувентус ова лето, но работите се променија целосно. Португалецот одлучи да остане и да предводи тим кој ќе има големи амбиции со Масимилијано Алегри во новата сезона. Целта е да го врати Скудетото, но исто така и секако да се обиде конечно да ја освои Лигата на шампионите.

Роналдо не само што реши да го испочитува актуелниот договор што го има со Јувентус (до летото 2022 година), туку реши и да потпише нов договор и со сето тоа прифати помала плата.

Во моментов изнесува 31 милиони евра по сезона, што е премногу во моментов за Јувентус, кој, како и сите други, ја почувствува пандемијата на коронавирусите и кризата што следеше после тоа.

По елиминацијата на Португалија, искусниот напаѓач реши да замине на заслужен одмор, но и да размисли во мир и да донесе одлука за својата иднина. Тој сфати дека останувањето во Торино во моментов е најдобрата опција за него, без оглед на интересот од Манчестер и Париз.

Новиот директор на Јувентус, Федерико Черубини, зборуваше за иднината на Роналдо.

“Немаме сигнал од играчот или неговата околина што може да сугерира трансфер. За нас, тој игра клучна улога и ние сме среќни што го имаме во тимот”.

Кристијано Роналдо минатата сезона одигра вкупно 44 натпревари во сите натпреварувања за Јувентус. Португалецот постигна 36 голови и забележа четири асистенции. Во италијанската лига, Роналдо постигна 29 гола и стана најдобар стрелец.

Покрај тоа, тој постигна пет гола на ЕУРО и е лидер во листата на стрелците на целиот турнир. Патрик Шик има ист број на голови, но чешкиот напаѓач е втор затоа што нема асистенции, додека Роналдо сепак има една.

Тој ја започна својата кариера во Спортинг, го изгради своето име во Манчестер Јунајтед, го достигна својот врв во Реал Мадрид, а потоа дојде во Торино.