Полициски службеници од Полициска станица „Богородица” вчера во 13:15 часот на автопат А1, кај наплатна рампа „Демир Капија“, во такси возило „дачиа логан“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С.(56) од Скопје откриле три лица Л.С.М.(37), А.М.Н.З.(47) и А.Г.М.(52), сите од Куба.
Како што соопшти МВР, од извршените проверки во патните исправи и службената евиденција било утврдено дека трите лица имаат остваренo нелегален влез на територијата на државата.
Возачот бил повикан во полициска станица за понатамошно расчистување на случајот, а на лицата мигранти им е изречена глоба и им се издадени решенија за протерување од државата.