Три лица загинаа, а шест се повредени откако цистерна со гориво експлодираше на руски аеродром, јавуваат агенциите.
Експлозијата се случила во близина на градот Рјазан, југоисточно од Москва, јавува Ројтерс, цитирајќи ја новинската агенција РИА Новости.
Градот Рјазан се наоѓа на околу 200 километри југоисточно од Москва.
Засега сèуште нема информации за причините за експлозијата.
Според засега непотврдени информации утрово експлозија одекнала и во воздухопловната база Енгелс 2, во близина на рускиот град Саратов во која наводно се оштетени два бомбардери Ту-95, кои се користат за изведување воздушни напади врз инфраструктурата на Украина, пишува „Дејли мејл“.