Три лица во Антакија се спасени откако поминале 296 часа под урнатините, јави турската новинска агенција Анадолија, додавајќи дека меѓу спасените има и дете.

Advertisements

По спасувањето, спасувачките екипи ги предале повредените на медицинските служби, по што биле пренесени во болница.

Според последните податоци, повеќе од 45.000 луѓе загинаа во земјотресите што ги погодија Турција и Сирија на 6 февруари, а бројот на жртвите се очекува да се зголеми бидејќи многумина сè уште се водат за исчезнати.

Прикажи повеќе