Собранието не успеа да го утврди дневниот ред за 34 седница, поради немање кворум. Тројца пратеници од владејачкото мнозинство се позитивни на коронавирусот и поради тоа не можеа да присуствуваат на работата на Парламентот, информира претседателот на Собранието Талат Џафери. Во салата беа присутни 59 пратеници.
Со реакција се јави опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Од таму велат дека циркузот на Заев траеше една недела, алудирајќи на гласањето на доверба на владата.
-Циркузот траеше една недела, Заев нема мнозинство за денешната седница во Собранието. Тестирањето на сопствената самодоверба е неуспешна. Собранието со ова парламентарно мнозинство е нефункционално. Заев ја става во заложништво цела држава и нормалното функционирање на институциите само од желба по секоја цена да ја задржи власта. Македонија е заложник на болна потреба на Заев за моќ и власт. Зоран Заев да не глуми и да не ја внесува Македонија во нови моменти на општествена и политичка криза.