Одговарајќи на новинарско прашање за локалните избори во Тетово, лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев изјави дека, тројца од вкупно петмина кандидати, кои ги разгледува неговата партија, се Албанци. Како што вели тој би бил среќен да имаат кандидат Албанец за локалните избори во Тетово и дека би биле фаворити. Во последната анкета на ИРИ за Тетово, потенцираше Заев, води ДУИ со 14 проценти, а СДСМ е на второто место со 12% поддршка кај електоратот.
– Во едни такви околности, јас лично би бил среќен ако имаме кандидат Албанец кој би бил фаворит, истакна Заев, додавајќи дека само тогаш може да се инсистира да се оди со сопствениот кандидат.
Заев додаде дека тие се номинирани од општинската организација, но следуваат анкетите и мерењата на рејтинзи кои ќе покажат кој треба да биде кандидатот.