Граѓаните со помош на апликација ќе можат да видат во која аптека е достапен лекот што им е потребен и каде е по најевтина цена, објави Алсат.  Оваа апликација наречена „Најди аптека“, е заслуга на тројцата студенти Симеон Марковски, Ева Аговска и Михаил Мојсоски.

Марковски вели дека работата на оваа веб-апликација траела два месеци, а вече е во функција за сите граѓани .

По пребарувањето на потребниот производ, прикажани се голем број исти и слични производи од различни аптеки, како и мапа на која граѓаните ќе можат да ја видат локацијата на аптеките. Според креаторите, овие цени ќе се ажурираат во одредени временски интервали. Симеон, Ева и Михаил се победници на Хакатон за отворени податоци./