И натаму трае истрагата за смртта на Диего Марадона, кој почина пред три недели од акутен ендем на белите дробови, непосредно по операцијата на хематом на мозокот. До сега е утврдено дека постоеле низа пропусти во неговото лечење.
Прво неговиот личен лекар бил испрашуван од обвинител, а сега и возачот. Станува збор за Максимилијан Тримаки кој сведочел дека не бил дома во моментот кога Марадона починал, но безбедносните камери и податоците од телефонот покажуваат поинаку.
Утврдено е дека Тримаки лажел, а заесга не е познато од кои причини. Интересно е дека неговиот опис на работното место не вклучувал да биде негов возач. Тој бил и сметководител на братот на Марадона и водел неколку бизниси на починатиот фудбалер. Поради лагите, претсресен е станот на возачот, одземени му се телефонот и компјутерот, бидејќи е забележано дека неколку пати влегувал и излегувал во куќата во која Марадона починал, а лажел дека не бил таму.
Пред тоа утврдено е дека лажела и медицинската сестра која Марадона го оставила неколку часа без надзор.
Извор: Република.мк