Тројца возрасни и едно дете се осомничени за пукањето во Тетово што се случи во неделата, а во кое беше убиено едно лице.
На 10 август, на улицата „Благоја Тоска“ во Тетово, првиот осомничен и детето, родено во 2010 година, со умисла, како соизвршители и со употреба на огнено оружје – автоматски пушки кои на граѓаните им се забранети, лишиле од живот едно лице, а го довеле во опасност и животот и телото на други лица, вклучувајќи и еден од останатите осомничени.
Со автоматските пушки тие испукале повеќе куршуми кон онавтомобил „голф“ со кои го погодиле сега покојниот, кој бил на возачкото седиште. Два проектили завршиле во градниот кош на совозачот кој здобил со тешки телесни повреди опасни по животот.
Еден проектил завршил во десната натколеница на дете родено 2012 година кое се затекнало во непосредна близина, по што осомничениот заедно со детето избегале.
Иако бил ранет од престрелката, вториот осомничен и уште едно лице извадиле огнено оружје – пиштоли и почнале истовремено да пукаат кон возилото кое се оддалечувало и притоа погодиле друго лице кое се здобило со тешки телесни повреди во торакалниот дел, а куршуми завршиле и во возило на жена чија сигурност, исто така, била загрозена.
За сите осомничени, вклучувајќи го и детето во судир со законот, јавниот обвинител предложи определување мерка притвор./Макфакс
Текстот Тројца возрасни и едно дете осомничени за пукањето и убиството во Тетово е превземен од МАКФАКС.