Тојца мажи загинаа откако два лесни авиони денеска се судрија во воздух и се урнаа во шумска област југозападно од Сиднеј, јавува „Анадолија“.
Австралиската полиција, пожарникари и екипи на Итната помош пристигнаа пеш на местото на несреќата, 88 километри југозападно од Сиднеј.
Вршителот на должноста началник на полицијата во Нов Јужен Велс, Тимоти Калман, потврди дека авион „цесна 182“ со две лица се судрил со ултралесен авион од блискиот аеродром во кој имало маж.
Причината за несреќата ќе ја истражува Австралиското биро за безбедност на транспортот.