Три лица повредени во пожарот во градот Кочани, се примени на лекување во болницата „Св. Георги“ во Пловдив, јавува БГНЕС, пренесува Трибуна.
Повредените биле пренесени со возила на брза помош. Настраданите до полноќ биле примени на клиниката за изгореници и веќе ја добиваат потребната нега и лекување.
Во пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, во источниот дел на Република Северна Македонија загинаа 59 лица, а 155 се повредени. Околу 20 од нив се во многу тешка состојба.