Наполи блеска оваа сезона бидејќи постигна исто толку победи во Серија А во првите шест кола.

Наполитанците му должат најголема благодарност на овие резултати оваа сезона на неверојатниот Викотор Осимен.

Одличниот нигериски напаѓач веќе е на бројката од шест гола на шест натпревари, од кои четири се првенствени.

Неговиот настап не остана незабележан од великаните на европскиот фудбал кои му фрлија око.

Во медиумите, неговото име веќе почна да се поврзува со гиганти како Реал Мадрид и ПСЖ. Доколку Парижаните останат без Мбапе, ќе ја насочат целата сила кон Ерлинг Халанд, а во комбинација ќе биде 22-годишниот напаѓач од Нигерија, кој би требало да биде еден од најбараните играчи во преодниот рок следното лето

Од друга страна, Реал би сакал да го види во своите редови доколку плановите околу Мбапе како ова лето пропаднат и овој пат.

„Кога пристигна во Италија пред две години, не го познавав добро и морав да го видам на дело. Открив одличен играч, исклучително моќен и агилен. Неговата физичка сила го прави вистински уништувач“, рекол легендарниот Џнфранко Зола.