M4034S-4211

Ниту една од нововработените не е член на ДУИ, дури и од мојата партија реагираа дека не се вработени членки. Јас не можам да кажам ништо за тестовите, си има стручна комисија која ги разгледува и оценува. Автоматски се рангираат кандидатите, согласно оценките од средно образование и знаењата покажани на тестирањето, вели директорот Фарук Алили.

Директорот на Здравствен дом, Алили вели дека како функционер се залага за вработувања на стручни, не на партиски кадри. Тој кажа дека побарале вработување на 26 лица, но биле одобрени само десет и потенцираше дека тестовите ги подготвува Министерството за здравство, а ги контролира тричлена стручна комисија чиј претседател е Македонец.

– Не се вистините овие информации, пратеникот шпекулира. По нашето барање за вработување до ресорното Министерството кое после праќа на финансии одобрени ни се десет. Ниту една не е член на ДУИ, дури и од мојата партија реагираа дека не се вработени членки. Јас не можам да кажам ништо за тестовите, си има стручна комисија која ги разгледува и оценува. Автоматски се рангираат кандидатите, согласно оценките од средно образование и знаењата покажани на тестирањето. Како јас да интервенирам кои се од ДУИ, кои од друга партија. Исклучиво се залагам за вработувања на стручни кадри, никако партиски, нам проблем ни е недостиг на сестри – вели Алиу.

Петрушевски: Искусни медицински сестри од болницата во Куманово набркани на улица за на нивно место да се вработат кадри на ДУИ