Откако му прости за неколкуте прељуби кои излегоа во јавноста, Клои Кардашијан неодамна се сврши со Тристан Томпсон кој воедно е и татко на нејзината ќерка Тру. Како што пренесуваат странските медиуми, тој сега ја повторил истата грешка.

Инстаграм моделот Сиднеј Чејс во своето најново интервју за потврди дека се видела и била интимна со НБА ѕвездата Тристан Томпсон на почетокот на оваа година, пишува „Page Six“.

Тој ми рече дека веќе не е во врска… Разговаравме, се дружевме повеќе пати, излегувавме заедно…“, изјавила Чејс.

Имено, инфлуенсерката тврди дека Тристан тогаш ѝ рекол дека е слободен, но таа го прекинала контактот со кошаркарот веднаш штом дознала дека повторно е во врска со Клои Кардашијан.

Ова не е првпат Томпсон да биде вмешан во скандал поврзан со неверства… Имено, тој ја изневери ѕвездата на „Keeping Up With the Kardashians“ со модел на Инстаграм во 2018 година. Тогаш се шпекулираше дека тој имал афера со Лани Блер само неколку дена пред Кардашијан да ја роди нивната ќерка Тру.

Само една година подоцна,  изби големиот скандал меѓу Клои, Тристан и Џордин Вудс во 2019 година. Во тоа време, Кардашијан најпрво ја обвини Вудс, но откако веројатно ја воочи реалноста, таа го сврте гневот кон Томпсон.

„Џордин не е виновна за распадот на моето семејство. Тоа се слулчи по вина на Тристан“, во тоа време изјави таа во една од нејзините објави на социјалните мрежи.

Но, покрај сè, Клои реши да му прости за сите измами и неверства, сакајќи нивната 3-годишна ќерка Тру да расте со двата родители. Нивната врска наводно била обновена во септември 2020 година.