Бабовски денес повторно покажа дека не му е гајле за народот. Ниту еден доказ, ниту еден конкретен демант, вели Цветан Трипуновски, од ВМРО-ДПМНЕ.

Во објавата на Фејбсук тој вели:

Сериозна власт денес ќе презентираше конкретни докази дека постапката е согласно закон, ниту видовме записници ниту решенија за мерки дека канцерогените млеко и млечни производи се вратени односно соодветно уништени.

Несериозно е како институција директор на АХВ да излезе за ваков скандал и да каже дека Цветан и ВМРО лажат и шират паника, без да приложи барем еден доказ.

Повторно го повикувам Бабовски  да излезе и со документи  и докази за постапките кои наводно ги имаат преземено.

Во меѓувреме нека си ја спрема и оставката, но и нека се подготвува за одговорност, за скоро време.