Ако сте навикнати да јадете леб со секој оброк, а од друга страна сте загрижени за вишокот калории што ги внесувате, експертите споделија трик што ќе ги претвори едноставните јаглехидрати во лебот во поздрави, а притоа и ќе ги преполови.

Лебот често се прогласува за главен виновник за вишокот килограми, иако во повеќето случаи тоа не е така, особено ако јадете само парче или две на ден. Меѓутоа, ако имате грижа на совест дека не можете да се откажете од јадењето леб, можеби е полесно да го користите овој трик со кој наводно ќе се преполови бројот на калории што ги внесувате преку лебот.

Откако ќе купите или печете домашен леб – ставете го во замрзнувач. Зошто? Бидејќи како готвење и ладење, замрзнувањето го претвора скробот во отпорен скроб. Звучи неверојатно, но тоа значи дека вашето тело ќе добива многу помалку калории од лебот. Всушност, отпорниот скроб ги храни вашите цревни бактерии наместо да ве дебелее, пишува Би-Би-Си.

Најголемиот проблем со белиот леб е што поради високиот гликемиски индекс, тој пребрзо ослободува енергија, така што го зголемува нивото на шеќер во крвта.

Ова може да придонесе за развој на дијабетес тип 2, па дури и да го забрза развојот на малигни заболувања. Сепак, оние кои немаат семејна историја на дијабетес, не треба да избегнуваат бел леб, кој е одличен избор за појадок, бидејќи тогаш го забрзува метаболизмот, велат научниците, а пренесува 24sata.hr.