На тригодишното момче кое беше пронајдено напуштено на гробишта со своето куче два дена пред Божиќ, заедницата во соработка со полицијата му ја врати насмевка на лицето со бројни подароци што ги собраа за него.

Заедницата во Охајо се крена на нозе откако на 23 декември беше објавено дека полицијата пронашла тригодишно момче. Жената која сведочела ѝ рекла на полицијата дека забележала момче, идентификувано како Тони, како трча по синиот автомобил додека возилото се оддалечувало од гробиштата, објави „Фокс њуз“.

Image may contain: 1 person, sitting, child and indoor

Тони е сместен со згрижувачко семејство во областа Медина. Истражителите ги пронашле неговите родители, а центарот рекол дека таткото бил „многу кооперативен“.

Таткото на момчето повикал полиција откако член на поширокото семејство видел фотографија од неговиот син објавена од локалните медиуми и го известил. Тој им рекол на истражителите дека момчето било со неговата мајка во времето кога било напуштено.

Таткото и полицијата на Тони се вратија на гробиштата и го фатија кучето. Не е поднесена пријава против мајката на момчето.

Приказната за момчето ги скрши срцата на луѓето и многумина веднаш одлучија да го развеселат момчето барем малку со подароци. Полицијата објави фотографија од собраните подароци на Фејсбук и ѝ се заблагодари на заедницата.