По огромниот број реакции што го предизвика вчерашниот пост во социјалната мрежа Facebook посветен на РС Македонија, лидерот на Има таков народ Слави Трифонов напиша уште еден дообјаснувачки пост.
Истиот ви го пренесуваме во целост:
Бидејќи има луѓе кои не го читаат правилно тоа што сум го напишал, ќе објаснам конкретно за оние кои не го читаат текстот, туку ги читаат само насловите.
Моето лично мислење како граѓанин на Бугарија во врска со приемот на Северна Македонија во преговорите за членство во ЕУ е следново:
Кон Република Северна Македонија – мора да ги исполните сите точки од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка што го потпишавте со Бугарија, вклучително и сè што е поврзано со историјата на Бугарија.
Северномакедонците мора да ги признаат своите историски бугарски корени. Ова е услов за кој не се преговара.
И до нашите партнери во НАТО и ЕУ – бидејќи сте толку заинтересирани да ја поддржите Северна Македонија за преговори за членство во ЕУ – однесувајте се со нас партнерски, бидејќи сакате и ние да бидеме бидеме ваши партнери – без визи за САД и веднаш во Шенген.
Мислам дека сега, моето мислење како граѓанин на Бугарија е повеќе од јасно“, пишува Трифонов.
Извор: Трибуна