Лидерот на партијата „Има таков народ“ Слави Трифонов за прв пат даде коментар по гласањето во Бугарија викендов.
„Во врска со разни политички изјави и предлози дадени во последниве денови, сакам да го кажам следново: Постои многу јасна правна постапка спомената во Уставот, и ние логично ја почитуваме и ја следиме“, напиша Трифонов на Фејсбук.
Бојко Борисов, актуелниот бугарски премиер и лидер на партијата ГЕРБ, која освои најмногу гласови на изборите денеска го повика Трифонов да ја преземе политичката одговорност во земјата.