30-тина вработени на Инфективната клиника се уште ја чекаат еднократката помош од 30.000 денари кои ја најави Министерството за здравство. 20-тина од нив се медицински сестри и болничари, јавува ТВ 24.
Станува збор за вработени кои дошле од други клиники и пред да добијат решенија во декември, два месеца работеле со договор на дело. Велат дека работат со најтешко болните и се надеваат дека ќе бидат третирани како и останатите кои биле наградени.
Од Инфективна за ТВ 24 велат дека станува збор за вработени кои во моментот кога се правеле списоците, сѐ уште не почнале со работа.
„Списокот беше креиран на крај на октомври. Конечниот список го испративме на 13.ноември, некои од нив беа почнати, а некои воопшто не беа почнати со работа. Поради зголемените потреби со пандемијата во текот на ноември и декември ангажиравме 37 лица кои на крај на декември 2020 добија решенија за работа. Постои момент на дискрепанца со датумите, но во следниот период, како што се најавува, секако дека ќе добијат награда“, изјави за ТВ 24 Мирјана, Пехчевска Поп Илиева, економски директор, Клиниката инфективни болести.