Советот на Општина Тетово рано утрово одржа вонредна седница на која беше донесена одлука да биде прогласена тридневна жалост во овој град почнувајќи од утре.
Инаку, Министерството за здравство информираше дека во вчерашната несреќа при пожар во Ковид центарот во Тетово загинаа вкупно 14 лица. Во Ковид центарот за време на пожарот имало вкупно 26 пациенти, останатите 12 се на лекување во тетовската болница и се надвор од животна опасност. Нема настрадани здравствени лица, неколкумина се со полесни повреди.