Македоонската нација и држава се создадени како резултат на геополитичка распредалба после Втората светска војна, кога Бугарија и Варшавскиот пакт изградиja ѕид кон Македонија, вели познатиот македонски новинат, Бранко Тричковски, во ексклузивно интервју за Zoom.mk, во врска со хистеријата што во македонската јавност се крена по изјавата на премиерот Зоран Заев дека Југославија ја двоела со ѕид Македонија од Бугарија.
„Македонија го градеше својот идентитет во одредена смисла и на една шизофрена основа, на идејата за различноста од Бугарите, впрочем како и од Србите и на идејата да се брка во бугарскиот предвоен казан за да се црпат одредени историски легитимации така што територијалните одредници беа пумпани со национална содржина“, смета Тричковски.
Во врска со одбивањето на Бугарија да поддржи почеток на преговори за членство на Северна Македонија во Европската унија, тој смета дека поради тоа во Македонија нема омраза кон Бугарите, туку потиштеност и чувство на неправда.
„Македонија мора да прифати одредени историски ревизии, да ги направи за себе, не само затоа што тоа Бугарија го бара, но општа катастрофа е ако потребата од тие ревизии се користи како инструмент во тековните политики“, додава Тричковски.
Според него, ВМРО била чисто бугарска структура, која после војната станала македонска организација, која ги користи разликите за да изгради идеја за супериорноста на македонската нација во однос на Бугарите.
„Ние бевме Запад, слободно патувавме, бевме дел од едно развивачко потрошувачко општество, имавме се, или ни се чинеше дека имаме се, а ни се чинеше дека тие немаат ништо, што во смисла на пазарната култура и конзумеризмот, не беше лага“, додава Тричковски.