ВМРО-ДПМНЕ е недемокркатска и антимакедонска партија, која ако не се реформира ќе ја уништи Северна македонија, предупредува новинарот Бранко Тричковски, во интервју за zoom.mk.
Тричковски вели дека партијаta како тоталитарна организација, верува дека има ексклузивно право да ги формулира, интерпретира и брани националните интереси.
„Тоа е единствената доктрина преку која го мобилизира просташтвото како материјална сила. Ништо друго немаат, ниту можат да имаат затоа што се интелектуално максимално ограничени и хендикепирани: Мислам дека сите членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ заедно немаат прочитано шест книги. Вие гледате дека веќе пет години тие ја тероризираат јавноста со три реченици за Заев: мафија, предавник иден затвореник. Сте чуле ли нешто друго? “, прашува Тричковски.
Тој смета дека ВМРО-ДПМНЕ е тоталитарна структура, која не поднесува дебати, туку војната е нејзиниот модус оперенди.
„Гледате дека таа не признава дека некој друг може да ја води државата, а ако се случи да ја води тогаш е тоа стекнато со измама, кражби, фалсификати и води директно во предавство на националните и државните интереси“, објаснува Тричковски.
Според него, ова злосторничко здружување ја користи демократијата како антидемократска платформа, која ги користи институциите и процедурите за остварување на нивните цели.
„Македонија мора да најде начин да го победи или макар маргинализира или темелно да го реформира ВМРО или злото ќе ја победи Македонија“, предупредува Тричковски.
Тричковски верува дека ВМРО-ДПМНЕ не може да прости на АСНОМ, која како антифашистичко движење, создале македонска нација и држава.
„Сте чуле ли нешто друго од кардиналите на просташтвото, на глупоста и на неукоста, на антимакедонизмот во најстрашен облик. И социјалните мрежи се користат како платформи за кретенизација на нацијата“, вели тој.