Познатиот македонски новинар Бранко Тричковски смета дека планот на поранешниот премиер Љубчо Георгиевски за надминување на спорот со Бугарија е ослободителен за Северна Македонија.

„Сите наводи се прифатливи за секој кој во Македонија претендира да биде нормален и здраворазумен односно одговорен субјект и спрема себе и своите блиски и уште повеќе спрема општите работи и перспективите на тие работи“, пишува на неговиот фејсбук профил, Тричковски.

Тој смета дека ако идејата за тие пет точки, за тој план за деблокада на односите, на кое било ниво има допирни моменти со официјалната бугарска политика или со инстанци кои на таа политика можат да влијаат, дотолку подобро.

„Ако е тоа понуда, Македонија мора да ја зграпчи и да ги остави кучињата на пувлестиот патриотизам, да лаат по карванот на иднината“, оценува Тричковски.

Според него,  предлогот на Георгиевски е спорна само немоќта на простиот Македонец или уште повеќе на учениот или на приучениот, да се разбере себе си, своето место во светот и местото на светот во себе.