Македонија го одигра последниот натпревар на Европското првенство. Холандија беше подобра од нашата репрезентација и издвојува победа од 3:0. Нашата репрезентација заврши како последна во групата Ц и за жал не продолжува во следната фаза на ЕУРО.
По натпреварот Иван Тричковски го анализираше настапот на Македонија на Европското првенство.
„Знаете како, ова е едно посебно искуство за сите нас. За жал го завршивме на овој начин, меѓутоа кога ќе земеме на целина мислам дека треба да бидеме сите горди и задоволни на се што направивме до сега. Оваа репрезентација и овие момци го заслужуваат тоа. Оваа младина што ја има во репрезентацијата е иднината на македонскиот фудбал и јас лично сум многу горд на сите нив штоми овозможија на оваа возраст да го доживеам и ова Европско првенство, овој сон кој што го имав од дете. Не сакавме на овој начин да биде, меѓутоа ете имавме свои моменти, имавме убави шанси. Да беше признаен голот за многу малку, мал детал може поинаку ќе беше натпреварот, меѓутоа тоа е тоа. Горди сме и гледаме напред“, изјави Тричковски