Вакцинирањето на децата од Коронавирусот е исправно бидејќи во спротивно остава простор за понатамошна мутација и ширење на вирусот. Вакцинацијата на детската популација ја овозможува потребната покриеност на вакцинација кај 80 отсто од населението, заклучија експертите на денешната трибина на тема „Вакцинација и предизвици со Ковид-19“, а на која учествуваа министерот за здравство Венко Филипче, д-р Александра Грозданова, д-р Драган Даниловски и д-р Александар Петличковски.
– Не треба да се остава простор на вирусот за ширење, што значи кога би можеле да ја покриеме и детската популација мислам дека да тоа е добар пристап, ние имаме во моментов други приоритети, а секако имаме и доста дискусии за овие ставови кои што се појавуваат и претпоставувам дека во следниов период ќе се прилагодуваме на развојот на ситуациијата, а ситуацијата ќе се развива. Генерално сметам дека вакцинирањето на децата е исправен пристап, бидејќи во спротивно остава еден празен простор во кој вирусот ќе се рашири повторно и евентуално со некои посериозни мутации ќе биде закана и за веќе вакцинираното население, порача Петличковски.
Министерот Филпче пак, потсети дека вакцините се одобрени за возраст над 16 години, односно вакцината на „Фајзер“ за возраст од 12 и 16 години, исто така и вакцината на „Синовак“ која е наменета за возраст од над три години.
– Значи исто како вакцината за сезонски грип, заклучи министерот.
Според д-р Грозданова, вакцинацијата кај адолесцентите е потребна со цел овозможување на потребната вакцинација на 80 отсто од населението.
– Препораката од СЗО во однос на вакцинацијата на децата, имајќи предвид дека не само кај нас, туку и на светско ниво достапноста и количината на вакцини не се доволни за да се обезбеди комплетна покриеност на постарата популација, сепак да биде второстепена односно, доколку се размислува за вакцинација на деца пририртет да се даде на категориите на деца кои што имаат хронични болести кои што имат други состојби, кои што на некој начин ги става во ризична група. Само за појаснување дека во однос на вакцинацијата на адолесцентите многу посериозно се размислува, адолесцентите збориме над 16 односно над 18 години, се со цел да се постигне онаа бројка за која веќе збориме од 80 проценти, бидејќи доколку оваа популација не ја покриете во кое било население, не може да зборувате за потребната покриеност на популацијата, изјави Грозданова.