Најмалку три лица загинаа во силен земјотрес со јачина од 7,6 степени што ја погоди Папуа Нова Гвинеја.

Според локалните власти, земјотресот се случил утрово, има повредени, а оштетена е и инфраструктурата.

Три лица загинаа во лизгање на земјиште во градот Вау.

Директорот на Центарот за катастрофи во провинцијата Мороб, Чарли Масанж, изјави дека се уништени здравствени установи, домови и патишта и додаде дека може да биде потребно извесно време за да се процени штетата.

Тој истакна и дека на тој дел од островот нема многу граѓани и високи згради во близина на епицентарот и поради тоа е избегната катастрофа со оглед на тоа што земјотресот бил многу силен.