Македонските репрезентативци Лука Заложник, Леонида Гроздановска и Сиља Дуковска изминатиот викенд освоија три медали на „Куп на град Самобор“ во коњички центар „Етно Фарма Мирновец“.

Заложник со грлото Корадо во натпреварот со висина на пречките од 1,30 метри го освои првото место и златниот медал. Гроздановска со грлото Парадисо Силвано во натпреварот со висина на пречките од 1,10 метри го освои 2. место и сребрениот медал, додека во натпреварот од 1,15 метри го освои 1. место и златниот медал.

Нашиот најмлад претставник кој дебитираше на Меѓународен натпревар, Сиља Дуковска во натпреварот со висина на пречките од 1,00 метар го освои 12. место од 39 натпреварувачи.

На турнирот учествуваа 198 натпреварувачи од шест држави. Тренерот Гроздановски како и Коњичката Федерација на Р.С. Македонија предводена од Ристо Јосифовски се задоволни од постигнатите резултати на сите тројца наши претставници и се надеваат на нови и уште поуспешни резултати.