Три лица од исто семејство синоќа биле нападнати во скопската општина Ѓорче Петров.

Како што се информира МВР,  Т.М.(26) од Скопје утрово, во 00:18 часот, во СВР Скопје пријавила дека околу 23:45 часот нејзиниот сопруг А.М.(24) телефонски ја известил дека на подрачјето на Ѓорче Петров бил физички нападнат од неколку лица.

Според пријавеното, откако таа, нејзиниот свекор Т.М. и нивен роднина отишле на местото, лицата физички ја нападнале неа и нејзиниот свекор.

Од МВР информираат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.