Клиниката за торакална хирургија, Клиниката за кардиологија и Клиниката за пластична хирургија стануваат ковид центри, со дополнителни 100 кревети за лекување на ковид пациенти, јавува Телма.

Освен овие клиники ковид-пренамена доби и Клиниката за трауматологија со 25 кревети. И Градската болница „8 Септември“ отстапува уште едно одделение со 25 кревети за ковид пациенти, но ќе го немали хируршкиот програм и најави дека ќе се вршат само итни и неодложни операции.

И додека дополнително се мобилизираат клиниките за справување со ковид-кризата и се намалуваат капацитетите на болниците за третирање на луѓето со други болести, се молчи за тоа кои би биле дополнителните рестрикции кои би го намалиле притисокот врз здравствениот систем.