Влијанието на Уран и Сатурн носат голема трансформација овој месец. Во текот на првата недела, Марс се спојува со Сатурн и нè мотивира да бидеме одлучни и да им се посветиме на нашите активности.
Во април, многумина ќе почувствуваат хармонија на емотивен план. Ќе бидете искрени со себе
и со другите. Ќе ги исправите старите греши и ќе покажете емпатија.
Новата месечина во Овен нè поканува да ја создадеме иднината што ја посакуваме. Време е за промени, нови љубови и можност да свртиме
нов лист.
Овен
Првите две недели од април ќе бидат вистинско уживање за сите припадници на овој хороскопски знак. Во поголемиот дел од месецот ќе ја искусите среќата во вистинска смисла на зборот. Поседувате неодолив шарм со кој привлекувате. Ве очекува одлично познанство, а до 26 април, Венера ќе биде во конјукција со Меркур, што ќе ви донесе поволна енергија во полето на комуникацијата.
Рак
Ќе почувствувате порив за ширење љубовна енергија и враќање на заедништво. Ќе бидете радосни и ќе уживате во изобилство и романса. Овој месец е вистински потсетник да им дадете шанса на луѓето околу вас. Искористете ја оваа моќ за да ги инспирирате другите, но и да се поврзете со нови луѓе и да создадете шанса за хармонична романса и прекрасни емоции.
Близнаци
Ве очекува среќа и запознавање со личност која може да го поттикне вашиот духовен развој и да ви пренесе разни знаења. Ќе го промените начинот на кој гледате на себе и ќе добиете поголема самодоверба. Многу Близнаци ќе бидат љубопитни и ќе се впуштаат во нови авантури. Но кога ќе се појави сродната душа, вие едноставно ќе го знаете тоа.