СЕУШТЕ сме под власта на брзиот и лелеав Стрелец, но планетите во сериозниот Јарец ќе бараат поголема дисциплина и одговорност. Некои знаци добро ќе се справат со тоа, но родените во овие знаци ќе имаат проблеми, па оваа недела ќе биде доста напорна за нив.

Овен

Можеби оваа недела не би била толку лоша за Овните кога би можеле да се опуштат. Премногу ќе се оптоварува со стрес поради работата и наталожените обврски. Ќе сакаат се да биде совршено, па ќе паничат ако нешто тргне наопаку. Тоа неповолно ќе се одрази на приватните односи, па можни се чести расправии со партнерот и семејството.

Рак

Раковите ќе бидат доста чувствителни, дури и повеќе од вообичаено. Ќе се навредуваат од се и се ќе им удри директно во срце, а најмногу критики. Ако некој им даде добронамерен совет, тие ќе направат драма од тоа и другата страна ќе зажали што посегнала по нив на прво место. Љубовните спорови ќе донесат немир во долгите врски.

Водолија

Водолиите почесто ќе се повлекуваат во изолација. Ќе им треба многу мир и тишина за да ги наполнат батериите, но барањата на околината нема да им остават доволно време за одмор. Ова ќе ги исполни со нервоза, па може да се нафрли на некој што случајно ќе им се најде на патот. Слободните треба да внимаваат да не се вплеткуваат со некој кој е во врска или брак.