Пад на 3-годишно дете од петти кат во зграда, снимила надзорна камера во Њујорк во понеделникот.
Видеото прво го прикажува движењето на тендата на која паднало детето, а по падот на земја момчето се обидува да стане.
Ен-Би-Си Њујорк објави дека момче од Бронкс, по име Хозе, имало Даунов синдром и било дома со мајка му, сестрата и тетката кога паднало од прозорецотот.
-Тој само нè гледаше изненадено. Не плачеше, рекла тетката која прва истрчала од станот кон момчето на тротоарот.
Полицискиот оддел во Њујорк соопштил дека инцидентот е класифициран како несреќен случај и нема да биде покренато обвинение. Хозе го скршил бутот и ќе мора да остане во болница еден месец.
-Чудо е што детето е сè уште живо, рече Хектор Назарио, сопственикот на тендата на која паднало бебето.