Судот ја соопшти казната за возачот кој усмрти пешак кај Сити мол.

Три години затвор доби Јордан Горгиев (23) кој на 20 јануари во сообраќајна незгода кај Сити мол во Скопје ја усмрти 24-годишната радовишанка Викторија Николова.

Возилото со кое управувал Георгиев во моментот кога беше предизвикана сообраќајката се движело за 17,3 км на час поголема брзина од дозволената.

Горгиев го призна делото и изрази каење. „Разбирам зошто сум овде и делото кое ми се става на товар. Да, се чувствувам виновен и многу се каам. Свесно го давам признанието. Јасно ми е дека ќе ми следи санкција. Јасно ми е дека и ќе треба да платам оштетно побарување во иднина“, рече Горгиев.