Поминаа три години откако 16 патници загинаа во автобуската несреќа на 13 февруари 2019 година, на излез од Скопје кон Тетово, кога патнички автобус на компанијата „Дурмо турс“ со 50 патници излетал и се превртел кај село Ласкарци.
Возилото падна во провалија откако ја проби заштитната ограда на автопатот.
Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари денеска во 13:30 часот ќе положи цвеќе на местото на трагедијата, а во 17:30 часот во малиот парк во центарот на Гостивар, ќе учествува на спомен-настанот во чест на жртвите од оваа трагедија.