Виторе Наумовски од тетовското село Непроштено веќе трета година е без протеза на левата нога. Таа беше оперирана во 2005 година, но тогаш и беше кажано дека ќе треба да се сменат протетичките материјали, пренесува ТВ21.

Во 2016 година добила инфекција во ногата, по што во 2019 година и ја извадиле протезата, но не и ставиле нова, бидејќи како што тврди таа, ѝ рекле дека нема материјал.

„Јас имам проблем со левата нога, се оперирав во 2005 година, во 2008 година ставив натколеница и протеза, но кога отидов на ортопед бидејќи немам можност да одам во приватна болница, ми рекоа дека треба да се смени материјалот но нашата клиника нема. Во 2016 имав инфекција во ногата и три години ме оставија така со инфекција. Потоа отидов во „8 Септември“ ми ја вадеа натколеницата и протезата и ми рекоа дека по шест месеци ќе ми стават нова, потоа фати Ковид и отидов во септември 2022 година. Докторот ми рече да одам во болницата „Мајка Тереза“, таму да ми направат рентген, магнетна резонанса, анализи. Само ме шетаа таму ваму за на крај да ми речат да ми ставаат во „8 Септември“, вели Виторе Наумовски.

Целата сторија на ТВ21.